Винарската визба Тиквеш првото тримесечје од годинава го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 15.785.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 12.536.000 денари.
Заклучно со крајот на март, вкупните приходи од продажна на Тиквеш достигнаа 268.669.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар направена е продажба од 174.743.000 денари, додека реализацијата на странски пазари изнесува 93.926.000 денари.