За три пати им се зголеми добивката поради интернет трговијата

20

Германската логистичка компанија Deutsche Post информира дека добивката ѝ е трикратно зголемена во првото тримесечје од оваа година благодарение на зголемениот обем на интернет трговија.

Групата DHL што е во рамки на Deutsche Post првиот квартал го заврши со оперативна добивка од 1,91 милијарди долари, а во истиот период лани изнесуваше 592 милиони евра.

Консолидираната нето добивка е трикратно зголемена и достигна 1,19 милијарди евра. Приходите имаат пораст за 22% на 18,86 милијарди евра.

Компанијата ги подигна проценките за оперативната добивка за оваа година од 5,6 на над 6,7 милијарди евра. Проценката за 2023 година е подигната од над шест на повеќе од седум милијарди евра.

Фото: Pexels