За влез во Србија нема да биде потребен тест за Ковид-19

49

Од петок за влез во Србија веќе нема да биде потребен негативен тест, ниту посебна дозвола и тоа ќе важи и за домашни и за странски државјани, препорачува Кризниот штаб, пренесува Политика.

Сите лица кои ќе влезат на територијата на Србија ќе добијат здравствено предупредување во коешто се наведува дека влегуваат на територија каде што вирусот сè уште циркулира, како и начините за превенција од инфекцијата. Ова стои во препораката што во четврток треба да ја потврди српската Влада.

Српскиот кризен штаб донесе препорака за отворање на административниот премин кон Косово и Метохија. ПЦР тестовите за коронавирус, на лично барање на граѓаните на Србија и на странските државјани ќе чини околу 50 евра на територија на целата земја, а за студенти и малолетници тестирањето и понатаму е бесплатно.

Активноста на вирусот е намалена, но е неопходно сите да се придржуваат кон основните епидемиолошки мерки, како што се носење маски, редовна дезинфекција на рацете и одржување на социјална дистанца, наведуваат од српскиот Кризен штаб.

Фото: Pixabay