Забрана за движење на ТМВ на патните правци Охрид-Ресен, Маврово-Дебар и на Ѓавато

41

Утринава во 07:30 ч. воведена е забрана за движење на ТМВ на патните правци Охрид-Ресен и Маврово-Дебар, како и на планинскиот премин Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има врнежи и остатоци од снег на колозовот.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На патниот правец А-1 Гевгелија- Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН од 1 април 2014 година
Патниот правецот кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод
Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 – 18:00 часот Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 – 20:00 часот
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево отворен е за сообраќај на сите возила. Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.