Забрана за патници од Велика Британија поради новиот вирус

36

Неколку европски земји донесоа одлука да забранат влез на патници од Велика Британија, бидејќи се загрижени што во земјата се шири нов вид на коронавирус.

Франција ги запре сите видови на патувања и превоз на стока по патен, воздушен, морски или железнички пат.

И властите во Ирска ги запреа сите воздушни врски со Британија на најмалку 48 часа. Поморските врски продолжуваат, а одлуката повторно ќе се ревидира во вторник.

Исти одлуки донесе и Германија, Австрија, Бугарија, Хрватска, Холандија, Белгија и Италија.

Забраната би можела да важи за цела Европска унија, бидејќи траат консултации околу заеднички одговор на поморските, железничките и патните врски со Велика Британија.

Фото: Freepik