Задолжницата останува на доброволна основа

12

Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна е на дневен ред на денешната собраниска седница, а најновата одлука ќе се спроведе со предлагање амандман на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница, пишува Миа.

Владата постапи по барање на бизнис заедницата која побара задолжницата, како и досега, да остане на доброволна основа.

Законот за задолжница е донесен во 2012 година и со него се пропиша издавање на инструмент за обезбедување на побарувањата, со цел да се подобри ликвидноста во стопанството и да се обезбеди сигурна и побрза наплата на паричните побарувања во деловните односи. Издавањето на задолжницата беше пропишано на доброволна основа. Донесувањето на Законот беше поддржано од бизнис заедницата како механизам за подобрување на наплатата и ликвидноста во стопанството.

Со измените на Законот во 2014 година се предлагаше задолжително издавање на задолжница во должничко доверителските односи со кои се создаваат обврски над 300.000 денари.