Загрозени се скоро 60 милиони работни места, а ова се најризичните професии

224

Речиси 60 милиони работни места низ Европската унија и Велика Британија се изложени на ризик од пандемија на коронавирус.

Анализата на консултанската куќа со седиште во Лондон, McKinsey, предупредува дека стапката на невработеност во ЕУ би можела да скокне од 6% на повеќе од 11% и да остане на тоа ниво со години ако наскоро не запре ширењето на вирусот.
McKinsey проценува дека едно од четири работни места во ЕУ и Велика Британија се под ризик од намалување на работните часови, принуден одмор или отпуштања.

Професиите кои не бараат близок контакт меѓу луѓето, како што се сметководители и архитекти. Во рамки на високоризичните професии вработени се 55 милиони работници, а меѓу нив се касиери, готвачи, градежни работници, хотелски персонал и актери.

Околу 80% од работните места кои се сметаат за ризични ги извршуваат луѓе без факултетска диплома.

Ако Европа не успее да го спречи вирусот во рок од три месеци и биде принудена да продолжи со социјалното дистанцирање преку летото, стапката на невработеност следната година ќе биде на највисоко ниво од 11,2%, додека целосно опоравување на економијата може да се случи во 2024 година, се наведува во анализата.

Фото: Pixabay