Загуба од 19,4 милиони денари за земјоделскиот комбинат Пелагонија

47

zk-pelagonija

Земјоделскиот комбинат Пелагонија Битола, во период од 01.01. до 31.03. оваа година, работеше со загуба од 19.460.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата го заврши првото тримесечје со добивка од 35.506.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци беа на ниво од 194.926.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 194.022.000 денари, додека остатокот од 904.000 денари е реализиран на странски пазари.