Загуба од 35,6 милиони денари за Сковин заклучно со 30-ти септември

48

skovin

Винарската визба Сковин од Скопје работеше со загуба од 35.636.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Загубата од јануари до септември лани беше на ниво од 88.417.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на деветте месеци од оваа година изнесуваат 145.903.000 денари. На домашен пазар се реализирани 52.501.000 денари, додека продажбата на пазари во странство достигна 93.402.000 денари.