Сигурносно стакло од Прилеп првиот квартал од 2017 година го заврши со загуба од 392.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, загубата на компанијата беше на ниво од 303.000 денари.
Заклучно со 31-ви март оваа година, вкупните приходи од продажба на компанијата достигнаа 1.084.000 денари. Истиот период лани, на салдото на оваа сметка изнесуваше 1.169.000 денари.
Основна дејност на компанијата е трговија на мало со метална стока, бои и стакло, како и издавање и управување со сопствен недвижен имот.