Загуба од 621.422.000 денари за АрцелорМиттал (ЦРМ) во 2015 година

28

Arcelormittal-logo.svg

АрцелорМиттал (ЦРМ) 2015 година ја заврши со загуба од 621.422.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа загуба од 649.193.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на АрцелорМиттал (ЦРМ) минатата година достигнаа 5.949.405.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 938.058.000 денари, а поголемиот дел од 5.011.347.000 денари е остварен на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на топло валани лужени котури, ладно валани котури и ладно валан лим, поцинкувани котури и лимови, како и пластифицирани поцинкувани котури.