Загуба од 63 милиони денари за Тетекс од Тетово

214

teteks tetovo

Компанијата Тетекс од Тетово минатата 2014 година ја заврши со вкупна сеопфатна загуба од 63.667.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на 2013 година, Тетекс оствари позивитен финансиски резултат од 199.679.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се на ниво од 222.048.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 123.084.000 денари, додека остатокот од 98.964.000 денари се реализирани на странски пазари.

“Најголемо влијание врз финансискиот резултат има намалувањето на останатите оперативни приходи што изнесува 80%. Во 2013 година тие изнесуваа 328.842.000, а во 2014 година 67.199.000. Во нив се вклучени приходите од продажба на недвижности во Тетекст и  придруженото друштво Петролгас“, стои во Образложението на финансиските резултати.