Загуба од 691.000 денари за РЖ Економика

19

rz-ekonomika

РЖ Економика во период од први јануари до 31-ви март оваа година работеше со загуба од 691.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Првото тримесечје од минатата година, компанијата го заврши со добивка од 2.339.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2016 година беа 3.850.000 денари, додека претходната година достигнаа 6.720.000 денари.

РЖ Економика се занимава со трговија на големо и мало на резервни делови, како и со издавање на деловен простор и давање на услуги од областа на сметководствено – финансиско советување.