Загуба од 7,3 милиони денари за Жито Полог во првото тримесечје

26

zito polog

Компанијата Жито Полог од Тетово во период од 01.01. до 31.03. прикажа загуба од 7.350.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од минатата година, компанијата евидентираше загуба од 6.106.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2015 година се на ниво од 79.129.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 77.671.000 денари, додека остатокот од 1.458.000 денари отпаѓаат на странски пазари.

Истиот период лани, Жито Полог го заокружи со вкупни приходи од продажба во вредност од 139.845.000 денари.