Загуба од 704.000 денари за Адинг во првото тримесечје

29

ading

Компанијата Адинг првото тримесечје од оваа година го заокружи со загуба од 704.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата евидентираше добивка од 1.359.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од 01.01. до 31.03. оваа година имаа вредност од 47.643.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 35.794.000 денари, додека остатокот од 11.849.000 денари е реализиран на странски пазари.

Во првото тримесечје од 2014 година, вкупните приходи на Адинг беа на ниво од 58.753.000 денари.