Загуба од 865.000 денари за Карбо Нова во периодот јануари – септември

15

karbo-nova

Карбо Нова прокнижи загуба од 865.000 денари остварена во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата евидентираше загуба од 1.655.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември оваа година достигнаа 4.782.000 денари, додека истиот период претходната година беа на ниво од 8.870.000 денари.

Основна дејност на компанијата е вадење на камен и друга руда, којашто се применува во градежништвото.