Загуба од над 46 милиони денари за Фершпед

57

fersped

Компанијата Фершпед забележа 46.664.000 денари негатива во првите три месеци од годината, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Приходите од продажба, за првите три месеци, изнесуваа 930.212.000 денари, од кои на домашен пазар се 756.681.000 денари, додека на странски отпаѓаат 173.531.000 денари.