Загуба од над 60 милиони денари за Стопанска банка Битола за шест месеци

43

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка АД Битола прикажа загуба пред оданочување од 60.080.000 денари во првите шест месеци од оваа година, покажува неревидираниот финансиски извештај, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, загубата била на ниво од 16.537.000 денари. Приходите од камата во период од 01.01. до 30.06  изнесуваат 169.495.000 денари, додека расходите се на ниво од 66.157.000 денари.

Во текот на минатата година Стопанска банка АД Битола оствари добивка од 21.701.023 денари.