Загуба од шест милиони денари за Централна кооперативна банка за девет месеци

37

Централна кооперативна банка прикажа загуба од шест милиони денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, банката оствари загуба од 6.283.000 денари.

Нето приходите од камати, на крајот на септември оваа година, изнесуваат 205.963.000 денари, додека нето приходите од провизии и надоместоци достигнаа 56.392.000 денари.

Фото: Pexels