Собранието на акционери на РЖ Институт донесе одлука за покривање на нето загубата остварена во 2015 година.
“Нето загубата во износ од 58.819.403 денари, остварена во 2015 година, се покрива во целост од акумулираната добивка“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
РЖ Институт е компанија што произведува алуминиум и алуминиумски гранули, огноотпорни материјали за потребите и челичната индустрија, песоци за пескарење и за кочни системи, индустриска вар.