Зајакнување на јавно – приватниот дијалог со цел справување со скриената економија

13

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) денеска ќе одржи конференција на тема Справување со скриената економија во Македонија: зајакнување на јавно – приватниот дијалог.

Претставници на граѓанските организации, академската заедница, работниците и работодавците ќе дискутираат за начините на мониторинг на неформалната (скриена) економија, формите преку кои таа се јавува во Македонија, и можните модели на соработка на граѓанскиот сектор и јавните институции со цел справување со неформалната економија.

Настанот се реализира во рамки на проектот за мониторирање на скриената економија во Македонија, кој ЦИКП го спроведува заедно со Центарот за развој на демократијата од Република Бугарија, со поддршка на EIDHR програмата на Европската комисија.