Заострување на кредитирањето: Граѓаните сè повеќе се задолжуваат, банките повеќе проверуваат

Банкарската 2026-та почна со зголемена претпазливост на банкарите –заострување на кредитините услови за станбени кредити, тренд кој започнал во последниот квартал од минатата година и продолжил годинава.

Потешко до клуч во рака:Заострување на кредитните услови кај хипотека и бонитет на клиентот – граѓаните должат скоро 1,8 милијарда евра !  

Новата Анкета за кредитна активност на НБМ покажува дека во овие први три месеци од 2026-та банките најавиле заострување на политиката за одборување на станбени кредити – пред сè во делот на хипотеката, односно обезбедувањето за задолжувањето, но и во оценката на кредитната способност на клиентот.

Но, заострување на кредитните услови се нотира и кај потрошувачките кредити, а еден од факторите се и очекувањата за вкупната економска активност.

„Банките укажуваат дека речиси сите фактори од групите: „согледување на ризикот“ и „толеранција на ризикот“ придонесуваат за умерено нето-заострување на условите за кредитирање, и кај станбените, и кај потрошувачките кредити, а најголем придонес има факторот „кредитна способност на потрошувачите“. Исто така, факторот „очекувања за вкупната економска активност“ придонесува за нето-заострување на условите кај потрошувачките кредити“ – се наведува во новата Анкета на НБМ.

Според последните достапни податоци, на крајот од 2025-та, најголема кредитната задолженост на домаќинствата била по основ на потрошувачки кредити со износ од 2.312.000.000 евра што на годишно ниво претставува раст за 10,6% и за станбени кредити , со задолженост во износ од 1.775.100.000 евра, со годишен раст за дури 15,8%.
Целиот текст на Локално.мк