Започна исплатата на тутунот

37

tutun

Започна исплатата на тутунот од годинашната реколта, јавува Миа. Прилепскиот тутунски комбинат, Сокотабак од Битола и фирмата Пашоски веќе ги префрлија парите на сметките на тутунарите.

Прилепскиот комбинат исплаќа од првиот ден на откупот, 16-ти ноември, и продолжува во континуитет.

Прилепскиот тутунски комбинат, освен на градскиот, од вчера откупува и на 20 пунктови во населените места. Се очекува овие денови исплатата да ја почнат и другите откупувачи.