Започна изградбата на фабриката Маркарт во Велес

20

veless500Германската компанија Маркарт почна со изградба на фабриката во Велес. Инвестицијата е проценета на 35 милиони евра, а треба да се вработат 600 лица.

“Ова е прва странска инвестиција во Велес по 24 години. Изградбата треба да заврши во првиот квартал од 2015 година, по што ќе почне производството на автомобилски делови”, вели Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес.

Фабриката се гради во новоформирана Индустриска зона Караслари, а ќе произведува електронски продукции со висока технологија како составни делови за врвни германски брендови на автомобили, како Мерцедес, Ауди и БМВ.

Германската групација Маркарт која е основана во 1925 година, досега има отворено компании во девет земји ширум светот и во нив работат повеќе од 7.000 лица.