Започна месецот на штедење во НЛБ Банка

80

Од вчера, 25-ти септември, со организација на традиционалниот НЛБ Дензапочна месецот на штедење во НЛБ Банка, оваа година на тема Штедење и безбедност во сообраќајот.

Веќе 7-ма година по ред, НЛБ Денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на банката и преку промотивни активности во сите експозитури. За децата од неколку основни училишта, беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема: Штедење и безбедност во сообраќајот, на којашто ќе имаат можност и да цртаат.

Своите цртежи децата потоа ќе можат да ги постават на посебна веб страница отворена за таа намена stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која експозитура на НЛБ Банка. Изборот за најдобри цртежи ќе биде направен врз основа на гласањето преку веб страницата и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници. Најдобрите цртежи ќе бидат наградени со признанија и парични награди.

 НЛБ Денот го означува почетокот на НЛБ Месецот на штедење, кој ќе трае до 25.10.2018 година.