Започна пријавувањето за наградите на Sarajevo Business Bridge Awards 2018

29

sarСараево Бизнис Форум (СБФ) на 25 април ќе ги додели престижните признанија Sarajevo Business Bridge Awards на компаниите и поединците кои со својата работа, инвентивни идеи и вработување на млади лица придонесоа за развојот на претприемништвото и инвестициската клима во регионот.

Зависно од квалитетот на пристигнатите пријави, планирано е да се доделат награди во шест категории, и тоа: нов бизнис/компанија на годината, бизнис/компанија на годината, претприемач на годината, компанија-вработувач на млади на годината, награда за општествено влијание и иновација на годината.

Наградите ќе бидат врачени на свечена церемонија во текот на првиот ден од одржувањето на 9-тиот годишен Сараево Бизнис Форум во присуство на светски и регионални политички и бизнис лидери, во Парламентот на Босна и Херцеговина.

“Сараево Бизнис Форум, како водечка економска бизнис платформа во регионот, има за цел да изгради подобро бизнис опкружување во целиот регион. Нашата мисија е развој на претприемништвото бидејќи само преку успешно вмрежување, развој на пазарот и вработување млади лица можеме да поттикнеме позитивни промени во нашето општество“, изјави Амер Буквиќ, директор на ББИ банка, потенцирајќи дека конкурсот за награди е отворен за компании и поединци од регионот кои покажале исклучителни резултати во работењето и чија работа има позитивно влијание врз општеството во кое делуваат.

На овој начин СБФ дава поддршка на компаниите и поединците, а особено на компаниите што започнале нов бизнис или вработуваат млади.

Минатата година овие престижни награди беа доделени на исклучителни компании и поединци од регионот. Наградата за општествено влијание на СБФ 2017 ја доби фондацијата Хастор, MSAN Група беше наградена за вработување млади лица, иноватор на годината во 2017 беше Горење, за нов бизнис беше прогласен HUB 387, додека за компанија на годината стручното жири на одбра HIFA Група.

Пријавите за СБФ наградите за 2018 година се отворени и компаниите и поединците може да се пријавуваат преку линкот: Sarajevo business forum awards