Започна сезоната за изнајмување на велосипеди

23

Од денеска започнува сезоната за изнајмување велосипеди од Јавното претпријатие Градски паркинг-Скопје. Граѓаните имаат можност да изнајмат велосипед секој ден од 7 до 23 часот. За еден час изнајмување се плаќа 10 денари.
Велосипеди можат да се изнајмат на четири локации и тоа, кај катната гаража Св. Кирил и Методиј, јавните паркиралишта Градска Општа Болница и Градска Општа Болница 8-ми Септември и јавната површина наменета за паркирање зона Д3 (зад ТЦ Бисер) во Општина Аеродром, соопшти ЈП Градски паркинг-Скопје.