Започна втората обука за корпоративни секретари

19

Официјално започна тридневната Сертифицирана обука за корпоративни секретари која Македонската Берза АД Скопје ја организира заедно со Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Институтот на директори.

Програмата за корпоративен секретар или внатрешен правен консултант ја следат претставници на македонски акционерски друштва, финансиски институции, како и претставници од банкарскиот и осигурителниот сектор.

Обуката се одржува во периодот 19.06-21.06.2019 година со почеток од 13.00 часот до 18.00 часот во просториите на Македонската Берза.

Во рамките на оваа обука, предавачите ќе ги воведат слушателите во корпоративното управување, ќе ги запознаат со улогата и основните функции на корпоративниот секретар, како и со динамиката, евалуацијата и ефикасноста на состаноците на одборот, акционерските собранија, известувањето и со воспоставувањето на комуникацијата.