Започнува пријавувањето за Skopje Run 10K

67

Од денес официјално стартува пријавувањето за Skopje Run 10K. Оние кои ќе се пријават во првите два дена, 22ри и 23ти август 2019, ќе може да го одберат својот стартен број. Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од 2 пати по 5 километри, кои ќе започнат на 6ти октомври 2019 во 09.00 часот.

Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели. Организатор повторно е тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Skopje Run 10K веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.

Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.