Започнува продажбата на станови во кулите на Џавахир Холдинг

49

stanoviПродажбата на становите од висококатниците на турската компанија Џевахир Холдин во општина Аеродром започнува денес.

По повод официјалниот почеток на продажба и отворањето на изложбениот салон на прес-конференција ќе се обрати и Есер Џевахир, генералниот директор на Џевахир Холдинг.

Изградбата на четирите висококатници – проект на Џавахир Холдинг, е една од најголемите инвестиции во градежниот сектор во Македонија и чини 100 милиони евра.

Станбено-деловниот комплекс во скопската општина Аеродром вклучува четири висококатници со 42 ката и објект што ќе претставува деловен и трговски центар. Во станбениот комплекс ќе има станови со вкупен капацитет за околу 5.000 луѓе.