Започнува производството на електричен автомобил Fiat Grande Panda во Крагуевац

66

FCA Србија денеска официјално ќе ја одбележи успешната реализација на проектот во фабриката Stelantis во Крагуевац, кој е поврзан со почетокот на производството на електричниот автомобил Fiat Grande Panda.

Новиот модел на автомобил е направен во две верзии – електрична и хибридна.

Претседателот на Србија претходно најави почеток на пробното производство, додека сериското производство ќе започне за два месеци.

Новиот модел на Fiat Grande Panda е инспириран од моделот од 1980-тите, кој, според Стелантис, го означува враќањето на брендот Fiat на светскиот пазар. Цената на електричниот модел ќе биде под 25.000 евра, а хибридниот ќе чини до 19.000 евра.

Овој модел користи уникатна мулти-енергетска платформа и вклучува иновативни решенија како што е интегриран спирален кабел за полнење.