Започнува првиот модул од Претприемничката програма за финансии

20

kavadarci-1Во рамките на првиот модул од Претприемачката програма за Финансии, утре во хотел Фени, Кавадарци ќе се одржи предавање на теми Финансии и Финансиски Менаџмент/Финансиска Анализа I.

Оваа програма е дизајнирана како резултат од препознаените потреби на учесниците во првата генерација на проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД,односно од потребата за поспецифични знаења од областа на финансиското работење на компаниите.

Предавач на настанот е консултантот Билјана Киселички, а ќе бидат обработени следниве содржини:

– Принцип на сметководство

– Функции на финансиите

– Систем на финансиско известување

– Толкување на финансиските извештаи

– Анализа на финансиски извештаи (цели и корист)

– Дискреција на Менаџмент

– Рацио анализа и толкување на коефициентите

Настанот ќе започне во 13:00 часот со регистрација на учесниците, по што ќе следи воведно обраќање на тимот на Проектот на УСАИД Македонија за Микро и Мали претпријатија.