Започнуваат градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково

3

Информации за движење на патниот правец низ Јасен од 1 октомври 2013 година на патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Од Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот. Од Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот. Доколку има наноси од снег патот може да биде затворен на неодредено време.
Од денес, 07.10.2013 во 10 часот ќе започне изведба на градежни работи на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
На патниот правец А1, Велес – Гевгелија, делница Удово – Смоквица (во близина на натпатник Милетково), ЈП Македонијапат – Скопје подружница Велес, денес, 07.10.2013 во период од 08:00 – 17:00 часот ќе извршува поправка на коловозот. За време на изведувањето на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со соодветна патна сигнализација.
На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 105, ЈП Македонијапат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена ќе изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.
Oд 25.09.2013 се воведува времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци – Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на пат на пл. пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.