Ќе признаеме, живеењето во карантин во пролет не е воопшто лесно, ниту пријатно. Но, кога ја имаме „големата слика“ пред нашите очи, односно дека тоа го правиме за да го заштитиме сопствениот живот и животите на нашите најблиски, тогаш тоа останување дома станува „новото нормално“, а престојот дома поподнослив ни го прават и е-трговците кои благодарение на придобивките што ни ги нуди модерната технологија, се тука за нас за да ни излезат во пресрет и до нашиот дом да ги испорачаат потребните производи и услуги.
Ви ги претставуваме компаниите кои ни го прават животот подостапен 24/7, кои неуморно работат со цел да ни овозможат полесно да ја поднесеме изолацијата, а во исто време, да останеме безбедни во своите домови. Запознајте ги е-трговците кои стојат зад нашите најчести онлајн нарачки, на кои Халкбанк е горд партнер.
Brainster
Brainster е иновативна компанија за едукација каде можат да се научат практични вештини за трансформација на кариерата. Нивната специјалност е организирање на курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании oд областа на маркетингот, дизајнот, бизнисот и програмирањето. Благодарение на Brainster вие можете дури и во услови на карантин, преку онлајн курсеви поврзани со информатичките технологии, да ја развивате својата професионална кариера од удобноста на вашиот дом, и на тој начин да бидете подготвени за модерните времиња кои веќе се тука.
Рептил Маркети
Рептил Маркети се ланец маркети во Скопје. Компанијата е основана врз темелите на некогашните самопослуги Центро, преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Но, историјата можеби и не е толку важна, колку што е важно дека Рептил врши дистрибуција на стока во големи потрошувачки јавни и приватни компании, а со цел да им го олеснат пазарењето на купувачите, Рептил ја стави во употреба и својата онлајн продавницата marketonline.mk, каде се достапни сите производи како во маркетите.
Пазарењето може да се прави од сите типови на уреди и е неверојатно брзо и едноставно, што е од особено значење во услови на здравствена криза и кога останувањето дома значи спасување животи.
Grouper
Со Grouper веројатно сите сте веќе запознаени, тоа е првиот сајт за групни попусти и воедно лидер на пазарот на е-трговија во Македонија, кој предизвика револуција во онлајн купувањето. Нивниот тим истражува низ целиот град со цел да најдат најпогодни и примамливи зделки на попусти од 50% до 90% само за Grouper купувачите.
На оваа платформа секој ден се нудат нови ексклузивни зделки по неверојатни цени со огромен попуст, од храна и пијалаци, преку најразлични производи за домот, за здравје, за убавина, за децата или сл., па сѐ до различни типови услуги како едукација, патувања итн. Во услови кога на карантин, кога сакале или не сме принудени да останеме дома, благодарение на Grouper, најатрактивните зделки можат да бидат достапни со само еден клик.
Преплет
Преплет е креативно студио во кое може да се најдат најразновидни дизајнирани производи, аксесоари за домот и уште многу други мали детали кои со сигурност ќе ги размрдаат позитивните мисли на луѓето. Она што ги прави Преплет уникатни и препознатливи се позитивните мотиви и мисли испишани на македонски и кирилица, кои прават секој да може да се поврзе со одреден момент и ситуација и да ги доживее на свој и индивидуален начин.
Со уникатните подароци од Преплет, кои ќе ги добиете до вашата врата, нема да пропуштите ниту еден важен датум на вашите најблиски, ниту по цена на пандемија! Или во најмала рака, имате можност да си дозволите некое уникатно парче за себе, кое несомнено ќе го поткрене вашето расположение во денови кога тоа ви е најпотребно.
TeachHoot
TeachHoot е онлајн образовна платформа која овозможува лесно и брзо примање и предавање на знаењето меѓу учениците и туторите од удобноста на сопствениот дом во нивната виртуелна училница.
Всушност преку оваа платформа се одржуваат онлајн приватни часови 1 на 1 со тутор, а нивната цел е со имплементацијата на информатичките технологии да го модернизираат образованието, да ги победат територијалните, институционалните и пазарните ограничувања кои постојат при давање и примање на знаење во нашата земја и светот. Она што е особено важно за период во кој што во моментов се наоѓаме, е дека платформа го поддржува целиот процес – од закажување до наплата на часовите, без потреба од физичко присуство и секако без изложување на ризик од инфекција од коронавирусот.
Со TechHoot образовниот процес може непречено да се одвива во домашни услови, оставајќи ја клупата и таблата за некои други времиња.
Но, што ги поврзува овие пет компании? Одговорот е Халкбанк, која e единствена опција која овозможува платежни платформи за е-бизнисите во Македонија и на сите овие е-трговци им овозможува лесно, едноставно, брзо и ефикасно решение за функционирање на нивниот е-бизнис, со цел тие нам да ни овозможат полесно да ја поднесеме изолацијата, без притоа да се изложуваме на ризик. Затоа што „Важни се луѓето“, Халкбанк како доверлив партнер им овозможува најповолни услови за користење на е-услугите на банката, токму со цел ние потрошувачите да имаме сè што ни е потребно со само еден клик!