Заработи 6,5 милиони евра иако сезоната беше скратена

Покрај првото место на крајот на годината, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оваа година заработил најмногу од сите тенисери.

Тој инкасирал 6,5 милиони евра во сезоната што е скратена заради пандемијата.

Втор според заработката е Доминик Тим со пола милион евра помалку од Србинот, а по нив следат Рафаел Надал со 3,8 и Данил Медведев со 3,6 милиони евра.

Поради коронавирусот оваа година година се откажани бројни турнири, меѓу кои и Вимблдон.

Фото: Freepik