Заработката на Starbucks падна за 38%

44

Пандемијата на коронавирусот негативно се одрази на бизнисот на глобалниот ланец на кафетерии Starbucks.

Затворањето на кафетериите поради мерките преземени против ширењето на короната до крајот на јуни ѝ донесе на компанијата нето загуба од 678 милиони долари, објави Starbucks.

Приходот паднал за 38% на 4,2 милијарди долари.

И покрај големите загуби, Starbucks мина низ кризата подобро отколку што очекуваа аналитичарите.

Шефот на компанијата, Кевин Џонсон, рече дека бизнисот континуирано закрепнува и дека повеќето кафетерии низ целиот свет повторно се отворени.

Фото: Pixabay