Заради пандемијата повеќе возат велосипеди и престојуваат во природа

35

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот ги промени животните навики на многумина ширум светот. Поради потребата да се зачува здравјето, да се одбегнува предолго седење во затворен простор со многу народ, луѓето почнаа да размислуваат за тоа како квалитетно да го поминуваат времето во природа.

Според анализата на NPD Group, Американците за 63% ја зголемија продажбата на велосипеди. Во јуни, продажбата на велосипеди достигна 697 милиони долари.

За 56% е зголемена продажбата на кајаци, кајчиња и кануа, за што во јуни се потрошени 172 милиони долари.

По неколку турбулентни години, опремата за голф се враќа на пиедестал. Па така, во јуни оваа година, во споредба со истиот период лани, продажбата порасна за 51%, достигнувајќи вредност од 661 милион долари.

Поради желбата да се искористи убавото време во природа, Американците на опрема за кампување во јуни потрошиле 605 милиони долари или 31% повеќе во однос на јуни 2019 година.

Фото: Freepik