Заштедиле 91 милијарди долари бидејќи не одат на работа со кола

62

Американците кои пред пандемијата oдеа на работа со автомобили, заштедија околу 758 милиони долари на ден од почетокот на карантинот, според истражувањето на економистот Адам Озимек. Тоа заедно прави економско влијание од 91 милијарди долари.

Заштедите се поделени во неколку категории, вклучително и директните трошоци и временската вредност, при што втората носи најголеми економски придобивки.

Со оглед на “скромната“ вредност од 12,50 долари на час, за време кое Американците го трошат во автомобилите на пат кон и од работа, граѓаните колективно “собираа“ 411 милиони долари на ден останувајќи дома.

Понатаму, помалку патувања до бензински пумпи и авто-механички продавници значеа заштеда од 183 милиони американски долари на ден, додека намалениот број несреќи, загадување и други социјални влијанија придонесоа 164 милиони  долари, пишува Bloomberg.

Секој патник досега заштеди во просек повеќе од 2.000 американски долари работејќи од далечина, од март до сега. Исто така, оние кои работат во Њујорк, Вашингтон и Сан Франциско заштедуваат 70 минути на ден.

Фото: Pixabay