Затворени скоро сите занаетчиски работилници во Башчаршија

100

Скоро сите занаетчиски работилници во Башчаршија во Сараево се затворени поради влијанието на пандемијата, пренесува Aljazeera Balkans.

Во Сараево со месеци нема туристи, па занаетчиите немаат кому да ги понудат своите производи.

“Знаеме дека туристи нема никаде во светот, па ги нема и кај нас. Занаетчиите се обидоа да ги држат отворени работилниците за да бидат декор на чаршијата, но тоа не успеало“, вели Мехмед Калајџисалиховиќ, од Здружението на стари занаетчии од кантонот Сараево.

На Башчаршија работат само најнеопходните продавници или аптеки.

Фото: Pixabay