Затворените ресторани, стадиони… ја намалија продажбата на Coca-Cola

154

Coca-Cola соопшти дека затворањето на кината, рестораните и стадионите поради коронавирусот и понатаму му штети на нејзиното работење.

Глобалната количина на пијалаци на оваа компанија падна за 25% од почетокот на април.

“Конечното влијание на вториот квартал и на целата 2020 година засега е непознато, бидејќи во голема мера ќе зависи од тоа колку ќе траат мерките за социјално дистанцирање, како и од содржината и брзината на макроекономското закрепнување“, велат од компанијата.

Влијанието врз оваа компанија во вториот квартал сигурно ќе биде огромно.

Фото: Pixabay