Заврши првиот Skopje Whiskey Fest

47

Два дена исполнети со виски дегустации. Посетителите имаа можност да дегустираат над 30 виски брендови и над 58 видови на виски, сингл малтови и бурбони на унифицирани изложбени позиции и низ добро осмислен простор. Информативните и пропратните материјали не изостанаа. Најамбициозните се едуцираа на организираните мастер класови со регионални бренд амбасадори од Бугарија и Хрватска. Музичката програма, добро осмислена – whiskey music и whiskey moon night, го поттикнуваше уживањето во виски пијалаците.

Специјалните зони го комплетираа впечатокот: коктели на база на виски, whiskey retail shop, spirits street, whiskey food pairing, зона со сродни категории на виски: вода и газирани пијалаци, апетисани, добро кафе, tobacco chocolate flavors искуство, пури, премиум барска опрема, а меѓу атракциите – молекуларни производи од виски и изложба на возила.

Фестивалот школски ги следеше сите добри општествени критериуми:

  • Атрактивната виски патрола ги мереше промилите и им даваше препорака на гостите да ги остават своите возила.
  • По затворање на виски дегустациите, следуваше последна хуманитарна аукција на отворени виски шишиња.
  • На сцената беа поставени два пункта за рециклирање на испиените виски шишиња кои ќе се претопат во стаклена скулптура за Skopje Whiskey Fest 1.0.

Организаторите од Боттега Евенти се среќни што после три и пол години осмислување на виски фестивалот низ различни форми и пред – изданија, изминатиот петок и сабота го реализираа првиот оригинален Skopje Whiskey Fest.