Зборови што не треба да ги користите кога се опишувате

75

race

Фото: Pixabay

Сите имаат создадено одредена слика за себе си и кога се опишуваат најчесто користат убави зборови. Меѓутоа, некои зборови е поубаво да им ги оставите на другите луѓе да ги кажат за вас.

Прочитајте кои зборови не треба да ги користите кога се опишувате себе си:

1. Дарежлив

Великодушноста се докажува на дело. Оставете другите луѓе да ве опишат како дарежлив, а тоа е најголемата награда. Великодушните луѓе даруваат без да бараат признанија. Тие секогаш мислат дека можат повеќе да дадат и затоа не се сметаат за великодушни. Сите можат да бидат повеќе дарежливи отколку што се. Но, сепак оставете го тоа другите да го кажат за вас.

2. Скромен

Скромните луѓе не се нарекуваат скромни. Тие се до толку скромни, што не можат ни да го кажат тоа.

3. Самодисциплиниран

Самодисциплината е секојдневна борба со себе си. Самодисциплинираните луѓе не се нарекуваат така, бидејќи знаат дека тоа претставува континуиран предизвик со којшто треба да се соочат секој ден.

4. Страстен

Ова не се тврди, туку се покажува. Доколку се опишете така за одредена работа, може да изгледа хиперболички. Најдобро е страста да ја чувате за љубеното лице, бидејќи тоа најмногу ја заслужува.

5. Духовит

Луѓето што се нарекуваат духовити, најчесто излегува дека се неподносливи. Доколку сте вистински духовита личност, нема да имате време да се опишувате, туку ќе ги забавувате другите.

6. Емпатичен

Емпатичноста е способност за разбирање и сочувствување со останатите луѓе. Тоа е прекрасно чувство, но е безвредно доколку не направите нешто со него: да понудите поддршка, помош, насоки, љубов… Да се чувствувате ематичен е во ред, меѓутоа што ќе направите за другата личност, е тоа што е важно. Ако тврдите дека сте емпатични, всушност го свртувате вниманието кон себе, а поентата на ематичноста е да се насочите кон другата личност.

7. Бестрашен

Сите се плашат од нешто, затоа не се нарекувајте бестрашен. Во одредени ситуации можеби покажувате голема храброст, но тоа не е отсуство на страв. Храброст е тоа што треба да го покажете во миговите на страв.

8. Директен

Најчесто директен претставува кодиран начин да се каже дека некој е груб или неучтив. Бидете директни и јасни колку што сакате, но оставете им на другите да ја оценат вашата отвореност.

9. Приспособлив

Единствената константна работа е промената. Ниту индустријата, пазарот, ниту работата остануваат исти. Сите мораат да се адаптираат на понудените услови.

10. Независен

Независноста е прекрасна работа. Способноста да се грижите за себе и да функционирате без голема помош е многу добро. Но, најчесто луѓето што се опишуваат на овој начин, всушност се трудат да скријат дека лошо работат во тим.