Здравјето во иднина ќе биде клучен елемент за секој бизнис

86

Откако ќе заврши пандемијата на Ковид-19, фокусот на компаниите ширум светот ќе биде ставен на здравјето на луѓето, смета консултантската компанија Accenture, пренесува ВВС.

Термални камери и посебни пунктови за мерење на телесна температура на работниците пред да влезат во фабриките, во иднина би можеле да станат рутинска работа.

“Порано велевме дека иднината на секоја компанија ќе биде дигитална. Денес, велиме дека секоја компанија ќе биде организирана на принципот на зачувување на здравјето“, вели Џанфранк Касати, извршен директор на одделот за истражување и раст во Accenture.

Тој го наведува примерот со производителот на автомобили, Ferrari, којшто неодамна го престави планот Back on truck, развиен во соработка со виролози и здравствени експерти, а е фокусиран на создавање на безбедно окружување за работниците.

Другите компании, според него, би можеле да исполнат одредени услови за да можат работниците да се вратат на работа, вклучувајќи и постојан ангажман на медицински тимови во самите компании.

“Компаниите ќе мора да вложуваат во здравствени ресурси, за да можат нивните вработени да се чувствуваат безбедно. За среќа, технологијата може многу да помогне во тој процес“, смета Касати.

Некои компании веќе ја мерат температурата на работниците, пред да влезат, а од медиумскиот гигант Disney сметаат дека истите мерки во иднина би можеле да се применуваат кај посетителите на забавните паркови, иако немаат законска обврска за такво нешто.

Фото: Pixabay