Зелено утро на европските берзи: DAX и CAC 40 во пораст, инвеститорите оптимисти пред одлуката на ФЕД

Европските берзански индекси денес растат, цената на нафтата од типот Брент малку падна, но сè уште е на високо ниво од 102 долари за барел, додека пазарите ја чекаат одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки, која ќе биде објавена во 19 часот.

Пазарните аналитичари очекуваат Федералните резерви да ги одржат каматните стапки стабилни, во опсег помеѓу 3,5 и 3,75 проценти, а исто така ќе ги следат коментарите од претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, за тоа дали зголемувањето на цените на нафтата ќе влијае на монетарната политика во иднина, објави CNBC.

Федералните резерви, исто така, ќе ги објават своите најнови прогнози за економскиот раст, инфлацијата и каматните стапки за наредните години, познати како Резиме на економските проекции.

Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,62 проценти на 23.878,76 поени во 9:30 часот наутро денес, францускиот CAC 40 за 0,76 проценти на 8.032,76 поени, британскиот FTSE 100 за 0,27 проценти на 10.434,21 поени, а московскиот MOEX за 0,37 проценти на 2.864,17 поени.

Цената на суровата нафта падна за 4,32 проценти на 93,913 долари за барел, а на суровата нафта од типот Брент за 1,2 проценти на 102,171 долари за барел.

Фјучерсите за европски гас за април се тргуваа по цена од 50,5 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF во Амстердам.

Цената на златото падна на 4.994,35 долари за тројанска унца, додека цената на пченицата се искачи на 5,9129 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,15297 долари, што е за 0,1 процент помалку отколку на почетокот на тргувањето.