Земјава инкасираше 13,6 милиони долари од извоз на чоколадо

154

Македонија во текот на минатата година извезе чоколадо во вредност од 13.623.000 долари или 4,9% повеќе во однос на 2018 година.

На глобално ниво, извозот на чоколадо лани достигна 29,2 милијарди долари, што е за 0,4% помалку во однос на 2018-та година.

Германија е најголем извозник со удел од 16,9% и заработка од продажбата на чоколадо на странски пазари во висина од 4,9 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу петте најголеми извозници на чоколадо во светот лани беа и: Белгија (3,2 милијарди долари), Италија (2,1 милијарда долари), Холандија (две милијарди долари) и Полска (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Хрватска со 195,2 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (190,7 милиони долари), Србија (69,9 милиони долари), Грција (43 милиони долари) и Словенија (36, милиони долари).

Фото: Freepik