Земјава со голем потенцијал да произведува енергија од ветер

132

Македонија и Босна и Херцеговина се во групата земји со најголем потенцијал за експлоатација на енергија добиена од ветер. Во овие две земји, како што пренесува Al Jazeera, потенцијалот е повеќе од 6,2 MW по квадратен километар.

Србија, Албанија, Косово и Црна Гора од ветерни електрани би можеле да произведуваат меѓу 4,5 и 6,2 MW по квадратен километар. Хрватска и Словенија се во група на земји кои можат да произведуваат од 1,2 до 1,9 MW електрична енергија по квадратен километар.

Изградбата на копнени ветерни електрани во Европа би можела да ги покрие светските потребни за енергија, покажала новата студија што ја објави Светскиот економски форум. Научници од британскиот Универзитет Сасекс и данскиот Универзитет развија техника за мапирање на вкупниот потенцијал на копнените ветерни електрани ширум Европа. Податоците покажуваат дека Европа би можела да произведе 100 пати повеќе енергија во однос на тековното производство на копнените ветерници.

Ако целиот потенцијал биде целосно искористен, Европа би можела да ги покрие потребите за енергија на светско ниво и тоа до 2050 година.

Фото: Pixabay