Земјава заработи 3,3 милиони долари од извоз на ориз

22

Македонија е 56-та земја во светот по извоз на ориз во 2019 година, со заработка од 3.370.000 долари или 7,6% помалку одошто во 2018 година.

На глобално ниво, извозот на ориз во 2019 година достигна 21,9 милијарди долари, што е за 16,8% помалку во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

На лидерската позиција се најде Индија со удел од 32,5% и инкасирани 7,1 милијарда долари. Меѓу петте најголеми извозници на ориз се и: Тајланд (4,2 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари), Виетнам (1,4 милијарди долари) и Пакистан (1,2 милијарди долари).

Од земјите во регионот најмногу ориз извезува Грција со 61,4 милиони долари. Потоа следат: Бугарија (37,9 милиони долари) и Словенија (9,6 милиони долари).

Фото: Freepik