Земји што најмногу произведуваат пиво во светот

192

Кина е најголем производител на пиво во светски рамки со околу 38 милијарди литри пиво годишно. Податоците покажуваат дека САД се втор најголем производител со 21 милијарда литри пиво на годишно ниво, додека трет по производство на пиво е Бразил со 14 милијарди литри.

Меѓу 10-те најголеми производители на пиво во светот се и: Мексико (11 милијарди литри), Германија (девет милијарди литри), Русија (7,7 милијарди литри), Јапонија (пет милијарди литри), Виетнам (четири милијарди литри), Велика Британија (четири милијарди литри) и Полска (исто четири милијарди литри).

Фото: Pexels