Земји со најмногу лекари

55

Длабок поклон за сите здравствени работници во земјава и ширум светот, кои несебично, дури и по цена на својот живот, се борат против предизвиците што ги донесе пандемијата на коронавирусот.

Податоците на организацијата за економска соработка и развој (organization for economic cooperation and development – OECD), за периодот од 2018-та или некоја година претходно, покажуваат по колку лекари во просек отпаѓаат на 1.000 жители.

Според тоа, највисок просек има Австрија со 5,2 лекари на 1.000 жители (податок од 2017-та година). Меѓу земјите што се во друштво на оваа земја се и: Норвешка (4,8 лекари – податок од 2017 година), Литванија (4,6 лекари – податок од 2017 година), Швајцарија (4,3 лекари на 1.000 жители – податок од 2017 година) и Германија (4,3 лекари – податок од 2017 година).

Од друга страна, според овие податоци, Индија во 2017 година имала 0,7 лекари на 1.000 жители. По нејзе следуваат: Јужна Африка (0,8 лекари – податок од 2015 година), Турција (1,9 лекари на 1.000 жители – податок од 2017 година), Кина (двајца лекари на 1.000 жители – податок од 2017 година) и Колумбија (2,2 лекари – податок од 2018 година).

Од земјите во регионот, ја има само Словенија, каде има 3,1 лекари на 1.000 жители во 2017 година.

Фото: Pixabay