Земјите од Западен Балкан би можеле да профитираат од трендот на враќање на производството од Азија во Европа, оценува Виенскиот економски институт.
Тој тренд би можел да го искористат земјите и регионот, носејќи им директни инвестиции од неколку милијарди евра, но за да може да се оствари тоа, неопходно е да се инвестира во образование и транспортна структура.
“И покрај протекционистичките тенденции во светската трговија веќе минатата деценија почна враќање на производството од Азија во близина на старите индустриски земји“, вели Бранимир Јовановиќ од Виенскиот економски институт.
Тој истакна дека враќањето на производството во Европа ќе зајакне после пандемијата.
Германски компании во период од 2010-та до 2019-та година инвестирале 2,5 милијарди евра на Западен Балкан, а ширум светот 1.700 милијарди евра, што според Јовановиќ, тој податок покажува дека постои уште простор и кај други западноевропски инврститори, како што се Холандија, Швајцарија и Австрија.
Експертите препорачуваат земјите од Западен Балкан, покрај отстранување на “старите проблеми“, како што се политичка нестабилност, да го променат и инвестиционото окружување.
Фото: Pexels











